Мојата кујна

Печени компири со крцкава кора

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 1 кг компир

* 2-3 гранчиња рузмарин

* 1-2 чешниња лук

* малку сол, црн пипер

* малку масло за готвење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА

Компирите измијте ги и излупете ги. И гранчињата рузмаринот измијте ги, а лукчето и излупете го.

Излупениот компир исечкајте го на помали парчиња.

Во поголем сад, зовријте вода и ставете ги компирите. Варете ги околу 3-4 минути. На овој начин испечените компири ќе станат крцкави.

Во сад за печење, ставете ги компирите, зачинете, ставете масло за готвење, лукчето и гранчињата рузмарин. Промешајте и печете на 200 степени, околу 35-40 минути со повремено мешање.

Write A Comment