Отежнатото дишење на бебето во првите месеци од животот е честа појава бидејќи носните канали се многу тесни. Сосема затнатото носе на бебето значително може да му го отежнува хранењето, поради што морате да бидете трпеливи и внимателни.
Чистете го носето на бебето со памук натопен во млака вода – хартиените марамчиња се многу груби за кожата на бебето. Втривањето малку вазелин околу ноздрвите може да спречи пукање и иритација на кожата.
Освен тоа, можете да пробате:
Поставете перница под душекот на бебето, во делот каде му стои главата за да му го олесните дишењето (никогаш не ставајте перниче на горната површина од душекот бидејќи тоа може да предизвика прегрејување или дури и гушење).
Наполнете ја кадата со врела вода, а потоа наизменично влегувајте во бањата и излегувајте од неа со бебето в раце – тоа е ефект на „парна бања“ и е најефикасно за прочистување на дишните патишта на бебето.
Некои лекари препорачуваат употреба на солен раствор во вид на капки за нос, но тие обично не се неопходни ако носето е само малку затнато.
Кога е потребна стручна помош? Ако бебето исклучително тешко дише, се бори за воздух или проиведува шушкав звук, веднаш обратете се на лекар.
