ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1,2 кг домати
* 120 гр ориз
* 40 гр шеќер
* 2 кафени лажички сол (не преполни)
* 1/2 кафена лажичка црн пипер
* 1 компир
* 1 китка свеж магдонос
* 50 мл маслиново масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Вклучете ја рерната да се грее на 200 степени. Изберете соодветен сад за печење (најдете некој во кој доматите ќе бидат добро наредени без многу простор помеѓу нив).
Исечете го горниот дел од секој домат (како капаче) и сочувајте ги. Извадете ја внатрешноста со помош на мала лажичка.
Цврстите делови од средината на доматите исечкајте ги и сочувајте ги за некое друго јадење (а можете и да ги замрзнете). Сокот тргнете го настрана во подлабока чинија.
Во сокот од доматите додадете го оризот, шеќерот, солта, црниот пипер, ситно исечканиот магдонос и маслиновото масло, па се добро измешајте.
Наредете ги доматите во садот за печење и полнете ги со смесата, но не до врвот бидејќи оризот ќе набабри. Поклопете го секој домат со капачето, меѓу доматите наредете парчиња од компир, се одозгора испрскајте со уште малку масло и печете во загреана рерна околу 1 час.
