Motherhood

Забременувањето по 40 е полесно со млад партнер

Започнувањето на врска со помлад партнер кај жените над 40-та година може да ја зголеми не само самодовербата, но и шансите за забременување.

Според лекарите, ако една жена дојде 40-те и сака да има бебе, треба да си бара помлад тато. Истражувањето докажува дека шансите за забременување по 40-те со маж во просек на 43 години се уриваат.

Канадски истражувачи сметаат дека проблемот е во мажите, чиј квалитет на спермата се намалува со возраста. Во експериментот учествувале 631 жена на возраст меѓу 40 и 46 години, кои се обиделе да забременат со ин витро. Нивните партнери биле на возраст меѓу 25 и 73 години, кои биле поделени во две групи – оние кои успеале да направат бебиња и такви чии обид бил неуспешен. Резултатите покажуваат дека просечната возраст на мажите кои успешно оплодиле јајце клетка е 43,5 година. “Помладите јајцеклетки можат да ги поправат сите дефекти на генетскиот материјал на мажот, дури ако тој е возрасен. Но кај зрела жена, забременувањето со маж над 40 години не е лесна задача “, објасни д-р Дахан Велс од Оксфордскиот универзитет.

Докторите советуваат уште жените над 35 години кои сакаат да имаат деца да го зголемат внесот на млечни производи до три пати на ден. Тоа ја зголемува веројатноста од зачнување со 21%, покажува истражувањето на лекари од Бостон, според кои млекото може да влијае добро на плодноста.

Write A Comment