Една од главните цели на воспитувањето на децата, како и поминувањето на квалитетно време со нив е пренесувањето на сопствените верувања и вредности. Секој родител тоа го прави на различни начини: преку разговор, советување, наградување, но најуспешно е кога сето ова се прави преку давање на свои примери. На таков начин, децата најмногу и најдобро учат. Секои родители се надеват дека нивните деца со нивна помош може да постигнат многу во својот живот.
Целите на родителството можеме да ги поделиме на краткорочни и долгорочни. Реалноста е тоа што родителите настојуваат во деновите да ги исполнат своите краткорочни цели.
Многу ретко се прашуваме дали исполнувањето на краткорочните цели води кон исполнување на долгорочните кои сме си ги поставиле себеси и на своите деца.
Истражувањата на психолозите, наведуваат на тоа дека е добро за детето кога родителот става акцент на долгорочните социјализирачки цели кои бараат секако многу повеќе време, енергија, трпение за разлика од краткорочните кои пак се најчесто поврзани со непосредно решавање на секојдневни ситуации, па затоа вклучуваат и помалку разговор и советувања.
Решавањето на секојдневните ситуации може да бидат со најразлични намери:
За самите себеси, т.е задоволување на некои свои потреби, на пример, побрзо да стигнете на работното место и да ја избегнете ситуацијата во која на детето му е тешко што се одвојува од вас.
За своето дете и неговите потреби, т.е емпатичка цел, на пример, одвојувате повеќе време да го утешите своето дете доколку поминува низ некој потежок период, или пак социјализирачка цел, т.е сакате детето да го научите како пристојно да разговара и однесува.
За односот родител-дете, посакувате секогаш да ви биде убаво кога го поминувате времето заедно. Истражувањата на психолозите, наведуваат на тоа дека е добро кога родителот во повеќето ситуации става акцент на целите на насочување кај детето, отколку на насочување на своите цели.
Сепак, постојат ситуации кога потребите на родителите се приоритетни. Идеална ситуација е кога родителите успеваат својата потреба да ја прилагодат со интересот на детето или неговата потреба, при тоа на некој начин создавате меѓусебна соработка. На таков начин, детето е подготвено да ја прифати онаа ситуација кога родителот не е во можност да ги задоволи неговите потреби.
Многу е важно да правите разлика помеѓу детската потреба и детската желба. Потребите се тие кои настојуваме да ги задоволиме, т.е да му помогнете на детето да изгради одговорност за самостојно да ги исполни своите потреби, со оглед на неговата возраст, а при тоа вие да му обезбедите што е можно подобри услови. Детските желби не се неопходни за раст и развој. Убаво е кога би можеле на детето да му задоволуваме и потребите и желбите, но често мора да бираме, т.е да ставиме приоритет на потребите, бидејќи желбите зависат од ситуацијата и можностите.
Најчесто родителите во секојдневниот живот се насочени кон остварување на кракторочните цели, што не значи дека е лошо, доколку постои признавање и почитување на личноста на детето, ја поддржувате независноста на детето и неговите иницијативи, и негувате добро однесување.
Особено е важно како комуницираме со детето и каков однос негуваме.
