Секој родител дава пример на своето дете. Дури и кога мислиш дека тоа не те гледа, всушност го впива секое твое дејствие и збор. Дури и кога мислиш дека тоа не го слуша скандалот од соседната соба, тоа разбрало и страдало заедно со тебе… повеќе од тебе.
“Кога мислеше дека не те гледам, јас те видов како го закачуваш мојот прв цртеж на фрижидерот и веднаш посакав да нацртам уште.
Кога мислеше дека не те гледам, јас те видов како му даваш храна на уличното маче и научив, дека е убаво да си добар со животни.
Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како го пдготвуваш мојот омилен колач и сватив, дека и малите нешта, можат да бидат многу специјални.
Кога мислеше дека не те гледам, јас слушнав дека се молиш и научив, дека постои Бог, на кој секогаш можам да му се обратам и да му верувам.
Кога мислеше дека не те гледам, јас видов како се справуваш со одговорностите, па дури и кога не се чувствуваше добро и ме научи дека треба да бидам одговорен кога ќе пораснам.
Кога мислеше дека не те гледам, јас научив многу работи за животот кој ми се потребни за да бидам добра и продуктивна личност кога ќе пораснам.
Кога мислеше дека не те гледам, јас гледав во тебе и сакав да ти кажам: “Ти благодарам за се што видов, кога ти мислеше дека не гледам!”.
