ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 6 компири со средна големина
* 3 лажици стопен путер
* сол, бибер и, по желба, малку рендана кора од лимон
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Излупете ги компирите и исечете ги така што долниот дел ќе остане недопрен, на што потенки кришки – погледнете го видеото под текстот кое ќе ви покаже како најправилно да го направите тоа. Токму во сечењето е тајната на подготовка на овој компир.
Ставете ги компирите во подмачкан плех, полиете ги со стопениот путер, додадете сол и бибер и малку рендана кора од лимон.
Печете 40-50 минути, на температура од околу 220 степени.
