Лековитата напивка од лук го забрзува метаболизмот и ги елиминира вишокот масти од организмот. Покрај тоа, го отстранува вишокот на соли и позитивно влијае на нашето општо здравје.
Освен тоа, тој е корисен и за исфрлање на солите и солените наслаги од нашиот организам, ја подобрува работната способност на организмот, ја прочистува крвта, го зајакнува имунитетот и ја подобрува работата на срцето.
Понатаму, оваа напивка ги отстранува и вишокот на маснотии и го подобрува метаболизмот. Може да се користи и кај повеќе женски болести и воспаленија, а покрај сето ова што го наведовме тој го чисти целиот организам од штетни наслаги.
Она што е многу важно исто така е дека оваа напивка се прави многу брзо и едноставно.
Потребни состојки:
12 чешниња лук
1/2 литар црвено вино
Подготовка:
1. Во стаклен сад ставете 12 чешниња лук, а секое чешне е потребно да се исече на четири дела.
2. Потоа, чешнињата се преливаат со половина литар црно вино.
3. Стаклениот сад се затвора со капак и се остава покрај прозорец, на сончева страна.
4. Потребно е секој ден да се протресе садот два до три пати.
5. После две недели, оваа смеса се процедува и се става во темен стаклен сад.
Напивката е потребно да се зема три пати дневно и тоа по една кафена лажичка во текот на месец дена. До наредниот третман се препорачува пауза од шест месеци.
