Постојат многу области низ целиот свет кои се напуштени. А исто така постојат и луѓе со брилијантни идеи за тоа како да го искористат тоа. На пример, во Лондон неколку подземни тунели се користат како фарма, а за некои пак се прават планови да се претворат во ноќни клубови.
Во Италија одамна напуштените пештери сега служат за една многу поголема цел, тие се претворени во еден вид на современ хотел.
“Sextantio Le Grotte Della Cavita” е изграден од страна на шведско-италијанскиот хотелиер Daniele Kihlgren. Неговата структура е сместена во неколку стари пештери, содржи вкупно 18 соби и е дизајниран од локалните италијански архитекти.
Декорот во собите е минимален, првенствено затоа што внатрешноста на пештерите служи како ѕид на собите. Погледот во пештерите, како и оној околу нив е воодушевувачки и ќе го направи престојот во овој хотел исплатив.








