Овој лек произлегува од народната медицина и се пренесува од поколение на поколение. За него се тврди, дека навистина делува, иако нема точно научно објаснување.
Дознајте како може да го стимулирате растежот на косата и да и дадете обем само со вода од компири.
Излупете ги компирите и сварете ги. Извадете ги од водата, а неа оставете ја да се излади.
Користете ја водата од компири при првото плакнење на косата, така нејзиниот растеж ќе се забрза, а нишестето, кое се содржи во компирот ќе и даде обем. Повторувајте ја процедурата, додека не ги добиете саканите резултати.

