Испитан метод за лекување на разни состојби во народната медицина е поставувањето на памук со ракија на папокот. Со помош на овој метод целото тело се опушта и се ослободува од болките..
Овој метод е многу ефикасен кога имаме грип, сме настинале или имаме болки во мускулите.
Ставање на памук со ракија на папокот кај деца се користи при болки во стомакот или повраќање за време на патување.
При кашлица, настинка или грип едноставно натопете памук во ракија, истискајте го убаво и поставете го врз папокот. Може да го залепите со селотејп или да го покриете со најлонска кеса и крпа.
При менструални болки корисетете го истиот метод, со тоа што ќе останете во леганата положба и ќе го притискате памукот со раката.
За да избегнете повраќање за време на патување, како и да ги ублажите болките во стомакот, може да го направите следново. Натопете памук во ракија, истискајте го, посипете го со сол и залепете го врз папокот на детето.

