Дестинации

Хедонистички рај во Мексико

“Las Ventanas al Paraiso” претставува луксузно одморалиште на плажата во Лос Кабос, каде што Пацификот се соединува со небото под мексиканското сонце, опкружен со богатата природна средина од која застанува здивот.

Хотелот е често место за бегство од реалноста на познатите ѕвезди како Џенифер Анистон, Џесика Алба и Џенифер Лопез заради опкружувањето на дивата убавина која совршено се совпаѓа со врвниот дизајн на луксузен надворешен и внатрешен простор.

Незаборавните апартмани се опремени со мермерни тушеви и подови изработени од најскапите материјали, додека во нив се поставени и телескопи кои се наменети за набљудување на блескавото небо и сината водна површина, доловувајќи го водниот живот во неговото перманентно движење.

Вработените во хотелот се движат низ подземни премини и секогаш се наоѓаат на вистинското место во вистинско време, одземајќи го вниманието на гостите само кога тоа е неопходно.

Хотелот брои околу 60 соби и апартмани во кои релаксираната атмосфера се соединува со ексклузивниот дизајнерски мебел и богатите текстури.

“Las Ventanas al Paraiso” овозможува толку релаксирачки моменти, што единствената грижа на посетителите е да изберат во кој од трите ресторани сакаат да го конзумираат својот следен оброк.

 

 

Write A Comment