ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 250 гр мелени плазма кекси
* 100 гр шеќер во прав
* 100 гр мелени ореви
* 100 мл вода
* 1 супена лажица нескафе
* 100 гр путер (за филот)
* 100 гр шеќер во прав (за филот)
* 6 гр какао (за филот)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте ги кексите, оревите и шеќерот во прав во подлабок сад. Нескафето растворете го во водата и додадете го во смесата. Мешајте убаво (со рака) се додека не се добие убава компактна маса.
Во друг сад со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и со какаото.
На рамна површина поставете парче пластична или алуминиумска фолија, а потоа врз неа распоредете ја масата за тестото во рамномерен слој дебел околу 0,5-1 см (по желба).
Врз тестото рамномерно распоредете го филот и со помош на фолијата завиткајте го ролатот. Ставете го во фрижидер да се олади барем 2-3 часа пред да го послужите.
