Монсанто, во источниот дел на Португалија е еден од најчудните градови во светот. Тој е изграден помеѓу џиновски карпи.
Додека човек се движи низ градот, може да ужива во спектакуларна глетка и за миг да се почувствува како да се наоѓа во праисторијата. Тесните калдрмени улички на моменти знаат да кружат околу џиновски карпи врз коишто се изградени куќи за живеење.
Во 1938 година градот е прогласен за „Најпортугалскиот град во Португалија“ и претставува жив музеј под отворено небо. Инаку, немаме поим зошто би бил најпортугалскиот град, не постои друг град во земјата којшто изгледа како киклопите да го бомбардирале.





