Стриите дефинитивно се најлошиот кошмар на жените и непријател број еден кога станува збор за убавата и нежна кожа. Добра вест е дека постојат начини како да ги спречите или отстраните стриите. Кај жените се јавуваат најчесто на стомакот, а кај мажите на мускулестите делови откако нагло ќе ослабат или ќе се здебелат.
Како најмоќно средство за отстранување на стриите се покажало маслото од цветови од портокал кое се користи како масло за масирање. За најдбар ефект помешајте неколку капки масло од портокал со сончогледово масло и оваа мешавина нанесете ја на проблематичните места (стомак, задник, бедра, раце) за да ја одржите кожата убава и цврста.
Експертите препорачуваат да ги елиминирате стриите со помош на мрсни креми кои се користат и за брчки и акни, но најважно од се е да бидете упорни во користењето на кремите, односно да се мачкате најмалку еднаш дневно.
На крајот, ако сите останати методи се покажат како неефикасни можете да се решите за ласерско отстранување на стриите, кои иако нема да ги отстрани во потполност, значително ќе ги намали стриите.
