Да имате комбинирана кожа на лицето, всушност значи дека кожата на челото, носот и брадата се мрсни, додека на образите е нормална до сува. Со ова всушност и ја дефиниравме Т-зоната. Да нацртате линија од челото, носот до брадата ќе ја добиете буквата Т, оттука и популарно се нарекува Т-зона.
Т-зоната е помрсна за разлика од другите делови на лицето. Таа е далеку поосетлива на сонце, полесно се создаваат дамки, подлегнува на инфекции, црвенило и акни.
Негата на Т-зоната е многу едноставна.
Првото правило на кое мора да внимавате е да ги чувате рацете подалеку од лицето.
Второто правило вели дека Т-зоната треба да биде чиста.
Затоа побарајте тоник за чистење на лицето што е специјално наменето за отстранување на вишокот маснотии. Нанесувајте го само на Т-зоната, во спротивно кожата на образите дополнително ќе ја исушите. Гел-лосионите се најсоодветни за чистење на порите на Т-зоната.
Третото правило налага еднаш во неделата да користите маска.
За почеток можете да купите од чај од дрво бидејќи се покажала како најефикасна за овој проблем. Нанесете ја на Т-зоната кога ќе имате доволно слободно време за максимално да се релаксирате и вие и вашата кожа.
Четвртото правило вели да носите со себе влажни шамичиња.
Додека сте излезени преку ден, сигурно ви се случува носот, брадата и челото да ви светат. Имајте во чантата влажни шамичиња за повремено да ја бришете мрснотијата. На тој начин оневозможувате да се појават акни и митесери.
