Здраво тело

Тајландска масажа против депресија и замор

Добрата масажа е вистинското решение за секојдневните стресни ситуации со кои се среќаваме на работа и дома. Го релаксира напнатиот организам, спречува опаѓање на имунитетот и хроничниот замор.

Во зависност од тоа дали имате некои тегоби или само сакате да му угодите на својот организам, ќе изберете вид на масажа која најдобро ви одговара. Една од најпопуларните во светот е тајландската масажа.

Видовите масажи од исток, а посебно тајландската, хит се во западните земји. Ја ставаат меѓу психофизичките, релаксирачките масажи, а ја изведуваат стручњаци од будистичките школи на тајландската масажа, кои со прецизни и складни движења на рацете и нозете со ароматични масла ги третираат карактеристичните акупунктурни точки на целото тело. Оваа интересна и доста релаксирачка масажа трае од 30 до 80 минути, зависно од телото кое се третира. Покрај масажи фокусирани само на нозете и главата, тајландската масажа го третира целото тело на клиентот, сите енергетски линии, лигаментите, крвните садови и муслулите.

Масерот ги користи и рацете и нозете, за поефикасно да го освежи и закрепне изморениот организам. Исклучително е атрактивна кај спортистите, затоа што болните делови на телото можат да се третираат поединечно. Популарна е и кај личности со премногу работни обврски, луѓе кои се болни од т.н. менаџерска болест, од која, после долго и често седење на компјутер страдаат од грбот и вратните мускули. Во секој случај, масажата, а посебно “тај масажата”, после еден третман ќе го подмлади телото, ќе го релаксира и спреми за нови акции кои го исполнуваат вашиот ден.

Нема некој кој може да и одолее на таквата релаксација.

Write A Comment