Во повеќето случаи добро одржуваната обоена коса изгледа гламурозно и попривлечно од природната. Иако ништо не може да се спореди со шармот на целосно природнатабоја на косата, некоја и друга промена во тонот дефинитивно го освежува целокупниот изглед на жената.
Доброто одржување на обоена коса сепак бара многу напор, од кои едеден е и редовното посетување на фризер. Многу жени одат дури и премногу често во фризерскиот салон, бидејќи бојата на косата им згаснува многу брзо по фарбањето.
Ова може да се покаже штетно не само за новчаникот, туку и за добриот изглед на нивната коса. Затоа е убаво да знаете на кој начин косата може да има долготрајна боја.Следете ги следните совети и сигурно ќе се радувате на повеќе заситена боја подолго време:
1. Избегнувајте капење со топла вода. Топлата вода не само што ја суши косата, но и ја намалува трајноста на нејзината боја. Високата температура придонесува за отворањето на надворешниот слој на влакното и ослободување на дел од бојата. Најдобро мијте ја главата со вода на собна температура, а на крајот исплакнете ја со ладна вода, за да ги затворите кутикулите.На овој начин ќе си обезбедите не само хидратација, но и подолг живот на вашата боја на косата.
2. Пливање со претпазливост.Заштитете ја косата од сонцето и хлорот.Користете креми за сончање за коса, како и такви, погодни за пливање во базени или природни води. На овој начин ќе се задржи бојата која брзо исчезнува.
3. Не претерувајте со фенот и пеглата. Намалувањето на термичка обработка на косата во првата недела по фарбањето исто така ќе ви помогне да спречите бледнеење на бојата на вашата коса. Иако пеглата, фенот и пресата понекогаш се потребни, најдобро ограничете ја нивната употреба првите 7 дена по фарбањето.
4. Почекајте што е можно подолго, пред да ја измиете косата. Новите суви шампони можат да ви помогнат во борбата за интензивна боја. Со нивна помош може да го одложите за подолго миењето на косата, а на тој начин и ќе се продолжи животот на нејзината боја.Најдобро чекајте најмалку 48 часа пред да ја миете повторно косата.
5. Користете производи за заштита од термичка обработка на косата. Тие го одржуваат интегритетот на влакното во добра состојба и соодветно бојата ви згаснува побавно.
