Мојата кујна

Направете вкусни бисквити со ванила

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г путер (на собна температура)

130 г шеќер во прав

1 јајце

320 г пченкарно брашно

1 ќесичка ванилин шеќер

малку шеќер во прав (за посипување)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Со миксер изматете го путерот со шеќерот во прав и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане бледа и пенаста, додадете го јајцето и матете уште малку. На крај додадете го брашното и изматете добро додека не добиете убаво тесто.

2.Ставете го тестото на малку побрашнета површина. Поделете го на половина, а потоа секоја половина со раце обликувајте ја во цилиндер (како салама). Вака подготвеното тесто ставете го во ладнилник.

3.Извадете го тестото од ладилник 15 минути пред да го сечете. Сечете го на парчиња дебели околу 1,5 см . Наредете ги парчињата врз тавчињата за печење.

4.Загрејте ја рерната на 180 степени и покријте две тавчиња за печење со хартија за печење.

5.Печете околу 12-14 минути или додека не станат бледо жолтеникави. Оставете ги да се оладат добро и попрскајте ги со шеќер во прав пред да ги послужите.

Write A Comment