Motherhood

Зошто за време на бременоста не можете да спиете ?

Несоницата во бременоста е чест проблем кај бремените жени…Еве ги причините зошто е тоа така…

Непроспиените ноќи се последица на повеќе последици од бременоста:

– На почетокот и на крајот од бременоста; честото станување да одите во тоалет.

-Тешкото пронаоѓање на соодветна положба која најмногу ќе Ви одговара, поради големиот стомак.

-Топло Ви е ако се покриете, а се будите бидејќи Ви е ладно.

-Болките во грбот ви сметаат да заспиете.

– Синдромот на немирни нозе- вообичаен за сите трудници,  чувство на трн во ногата, или триење на нозете, особено додека лежите.

-Грчевите се исто така, чест приговор.

– Можете да почувствувате чешање.

Начин да го подобрите сонот за време на бременоста…

Ако сонот за време на бременоста Ви е пореметен, разговарајте со лекар. Пилулите за спиење не се препорачуваат за време на бременоста, но лекарот може да Ви понуди алтернативни средства кои би можеле да ја спречат несоницата или барем да Ви ги отсранат тешкотиите  кои Ве спречуваат да заспиете.

Промената на положбата може да Ви помогне полесно да заспиете. Пробајте да легнете странично, со свиткани колена, кои би Ви го придржувале стомакот. Спиењето со перница меѓу нозете исто така помага.

Лесните вежби ја подобруваат циркулацијата и го ублажуваат стресот, а истото води кон полесен сон.

Доколку одите на курс за полесно породување, замолете ги предавачите да ви кажат корисен совет. Разговарајте и со други трудници околу нивните искуства.

Write A Comment