Многу светлина, топлина и пространи соби, се што им е потребно на луѓето за да уживаат и одмараат во домашна атмосфера, па токму и затоа, секоја куќа која ги нуди овие погодности може сосема заслужено и да се нарече совршена куќа за одмор.
Токму за една таква куќа станува збор во продолжение.
Имено, вештите креативци од “Mt. Lincoln Construction” ги завршија градежните активности околу спектакуларната куќа наречена “Crow’s Nest Residence” во Калифорнија, градба во која што сигурно секој ќе успее да го пронајде својот мир и за миг ќе заборави на секојдневните проблеми, инспирирајќи се од беспрекорното уредување и магичниот пејзаж во околината.
Станува збор за неверојатна куќа која што дизајнерите ја опишуваат како “дом далеку од дома” – градба која што се одликува со шармантна, интимна и пријатна атмосфера.
“Оваа резиденција изобилува со чувството на спокојство, а погледот кој што го одзема здивот е задолжителен атрибут на секоја од просториите во оваа неверојатна градба”, велат креаторите, додавајќи дека станува збор за куќа совршена за оние кои што бараат мир, но и за оние кои што сакаат да уживаат во удобна атмосфера за време на своето зимување, секако, додека своето слободно време го пополнуваат со многубројните возбудливи авантури кои што ги нуди природното окружување.














