Како да јадеш што ќе посакаш, а сепак да успееш да изгубиш некој килограм? Како да ослабиш со само 20минутно посветување на диетата? Многу лесно, се што треба да направиш е да го смениш начинот на кој што јадеш.
Сменете го начинот на јадење
Да претпоставиме дека, за нашите килограми не е пресудна само храната која ја јадеме, туку и начинот на кој го правиме тоа. Всушност, се има влијание, од брзината со која јадеме, секако количината, а некои сметаат дека дури и изборот на чинии и прибор.
Начинот на кој ја консумирате храната засновајте го врз фактот кој вели дека нашиот мозок регистрира ситост 20 минути откако тоа ќе го почувствува нашиот стомак. Наједноставното решение е да почнете да правите мали промени, како на пример да го забавите голтањето со тоа што ќе му овозможите на вашиот мозок да го следи стомакот. Така нема да се прејадувате и секако нема да ја зголемите тежината.
Оставете повеќе време за јадење
Звучи контрадикторно на законите за губење на тежината, зарем не? Ако јадете пребрзо, вашето тело нема да има шанса да му сигнализира на вашиот мозок дека сте прејадени. Ако сметате дека немате контрола врз јадењето, консумирајте ја храната полека, барем по 30 минути за секој оброк.
Одмарајте помеѓу залаците
Ова е еден од најдобрите начини да ги продолжите оброците. Направете ново лично правило, обидете се да не ја држите лажицата или виљушката додека се уште имате храна во устата.
Пуштете релаксирачка музика
Слушањето на бавна релаксирачка музика го поттикнува бавното џвакање на храната, а со тоа се продолжува и времетраењето на вашиот оброк.
Џвакајте повеќе
Поголемиот дел од искуството за вкус, всушност, произлегува од нашето сетило за мирис. Користете го ова со тоа што ќе практикувате повеќе џвакање, а со тоа ќе му овозможите на мозокот подолго да го регистрира вкусот и мирисот на храната.
