Ако барате нова егзотична куќа на плажа во која ќе се заљубите на прв поглед – погледнете ја вилата “Iniala Beach House” во Тајланд.
Лоцирана во Пукет, град познат по спектакуларните плажи и светски познатите локации за нуркање, оваа куќа ќе ве остави без здив.
Но, модерниот внатрешен дизајн на архитектонското студио “A-cero” ги подигнува работите на едно сосема ново ниво.
Играјќи си со боите и формите, дизајнерите Жоакин Торес и Рафаел Љамазарес пронашле совршен начин како да направат брановите на океанот да ве смируваат и однадвор и одвнатре.









