Главниот град на Холандија, Амстердам е град без државни институции, но e центар на културата и ноќниот живот. Кога прв пат ќе пристигнете во Холандија, прво нешто што во паѓа во очи е беспрекорната уредноста на оваа земја, која има речиси 17 милиони жители.
Тука не постои ниту милиметар кој човековата рака не го уредува. Фасцинантни се и деловните објекти, кои се како уредно изградени макети, а патната мрежа е доведена до совршенство.
Престолнина на уметноста
Иако сите државни институции и амбасади се наоѓаат во Хаг, Амстердам е главен град според уставот на оваа земја.

Со речиси еден милион жители, Амстердам е град на музеи, канали, живописни квартови, алеја и паркови, бродчиња, бродови и велосипеди, како и архитектурата, која жителите на овој град љубоморно ја чуваат.
Секоја зграда во исто време е и културен споменик и нечиј животен или работен простор. Помеѓу нив е и куќата на Ана Франк.
Улична забава
Најпознатиот плоштад во градот е Дам, каде фасцинира Кралската палата, новата црква, Музејот Мадам Тисо и Историскиот музеј. Плоштадот е местото каде што ќе ве забавуваат бројни улични музичари, пејачи и жонглери.

Плоштадот Рембрант е центар на ноќниот живот со многу кафулиња, ресторани и пабови, но за туристите се уште најпривлечен е плоштадот LeidsePlein, која датира од 17 век.
Околу плоштадот се најпознатите театри во Амстердам, “Кафе Американ”, а за љубителите на легализираната марихуаната во Холандија, тука е седиштето на синџирот на кофи-шоповите “Булдог.”
Либерализмот е главна карактеристика на населението во Амстердам. Како поранешната колонијална сила, Холандија прва го укинала ропството.
Ноќните дами во излозите
Еден од најстарите и најубавите делови на градот е “Roseburd”, областа околу старата црква, која датира од 14 век.

Таа се карактеризира со стари градби, бројни канали, мостови, но и Музејот на Еротиката и Црвената зона, односно една од градските зони каде што проституцијата е легална.
