Motherhood

Најсреќна е третата година од брачниот живот

Секоја врска има свои убави моменти и падови. Некои години од бракот може да се сметаат за најдобри, а некои за најлоши, но изгледа дека во повеќето случаи тие години се поклопуваат.

Неодамна спроведеното истражување направено по примерот на 2.000 лица во брак покажа дека најсреќна е третата година од брачниот живот. Зошто? Затоа што тогаш двојките воглавно се уште немаат деца, иако со радост планираат потомство во понатамошниот живот. Сопружниците се доволно долго во брак за да си ги знаат недостатоците и доблестите, а освен тоа, со оглед на тоа што немаат деца, поголемиот дел од парите го трошат на сопственото уживање, убави работи и на уредување на семејниот дом.

Ако им се верува на резултатите од истражувањето, во повеќето случаи проблемите настапуваат во петтата година од бракот кога на ред доаѓаат децата и кога е се потешко да се балансира времето што им е потребно на децата, кариерата и на врската. Во тие години најмногу трпи љубовниот живот. Тогаш е потребно да се обезбедат дополнителни средства за грижа за децата, а приоритетите на сопружниците значително се менуваат.

Исто така истражувањето покажа дека ако бракот потрае до седмата година, голема е веројатноста дека ќе трае уште долго, долго.

 

Write A Comment