Со специфична анализа на крвната група може да се направи психолошки профил на луѓето. Оддамна е познат овој метод во источните земји. Јапонците, на пример, во секојдневниот живот, го користат метод на анализа на крвни групи – ketsuekigata.
Луѓето кои добро ја познаваат оваа тактика го користат методот кога сакаат да го откријат вистинскиот или идеалниот пријател, партнер и животен сопатник. Јапонците го користат овој метод како веќе докажан и за предвидување на навиките на потрошувачите на пазарот, при вработувањето на нови работници во компаниите и сл. Се смета дека крвната група има навистина големо влијание во процесот на формирање на личноста и неговите основни карактерни особини. Ајде сега да ги разгледаме основните карактерни црти на различните крвни групи:
– Луѓето носители на крвна група 0 обично се многу срдечни, отворени и пријателски расположени. Немаат влакна на јазикот, лојални се и чесни. Тежнеат кон вистината и со нив можете да играте само со отворени карти и без задкулисни ситуации. Носителите на нулта крвна група ги претпочитаат особите кои ќе направат да се почувствуваат заштитено и сигурно. Од друга страна, мажите кои се нулта крвна група се вистински ловци. Тие имаат потреба да доминираат, да бидат забележани, па најчесто избрана професија која ќе може да ги афирмира е на пример, глума, новинарството, забава. ..За разлика од жените, мажите повеќе се заинтересирани за кариера. И двата пола се многу силни карактери, тешко се кршат, а знаат дупло да вратат ако злонамерно ги третирате.
– За луѓето од крвна група А може да се каже дека нивниот синоним е мислам! Тие се интелегентни луѓе, кои често се чини дека се рамнодушени и ладни, но тоа е всушност нивната заштита, бидејќи тие се многу сентиментални. Ги карактеризира голема дисциплина и самодисциплина. Тие се професионални но истовремено и посветени на извршувањето на семејните обврски. Подготвени се да ја преземат одговорноста, да се разбере другиот, но тоа го очекуваат и од вас. Тие се многу добри лидери на професионален план и совршени брачни партнери на личен план. Мажите од крвната група А се потполно лојални и посветени на семејството.
-Луѓето од крвна група Б Психолошки гледано, мажите и жените носители на групата Б се доста комплексни, збунувачки, мистериозни но и најинтересни. Навидум, се чини дека се воздржани и повлечени, но тие имаат јасно изградени желби и вредности. Професионалниот живот на жената е изграден главно врз основа на докажани квалитети и лични напори и речиси никогаш не се изложени на натпреварувачки дух бидејќи добро знаат колку вредат. Мажите пак имаат еден вид на социјални фасади, се чинат скромни, смирени, и повлечени, а за тоа време, како шахисти мислат да се преземат мерки, без голема помпа, за конечно да ја стигнат посакуваната цел. Може да се каже дека ги почитуваат жените на специфичен начин. Жената што ја сакаат ја третираат како кралица.
– Крвна група АБ Луѓето од оваа група се извонредни луѓе. Невнимателноста, иронијата и цинизмот се тотално непознати за нив. Тие немаат посебни барања, може да се припособат на било која група, но сепак да ја задржат својата индивидуалност. Носителите на АБ групата вложуваат максимум емоции во се што прават и нив може да ги освои само човек со големо срце без задни намери. Многу вешто насетуваат измама и лицемерие, па затоа ако не сте сериозни, не влегувајте во игра во овие „опасни“ и профи играчи.
