Денешната статија е посветена на оргиналниот и уникатен стил,кој треба секој од нас да го поседува, за да се разликува од останатите и тоа да биде еден вид знак за препознавање. Денес модата е максимално злоупотребена од слепото следење трендови и уште полошо лошите имитации на трендовските парчиња.
Наш совет е да бегате од кичот, да бегате од лошите копии и да бегате од слепото следење трендови бидејќи стилот на облекување е стил на живеење, а не моментален тренд.
Следете ги почесто модните ревии на големите дизајнери и листајте ги страниците на култните модни списанија за да научите како се разликува високата мода и модата на балканските фолк ѕвезди. Кога ќе ја согледате разликата помеѓу мода и кич, тогаш ќе почне да созреза вашиот стил.










