Недоспивањето крие многу ризици во долгорочен аспект и секој тоа го знае. Но не подобро може да се одрази и премногу долгиот сон, предупредуваат експертите.
Во студијата се вели дека оние кои спијат повеќе од 9 часа дневно имаат 50% поголеми шанси да развијат диабет.
Исто така луѓето кои спијат по 9-10 часа дневно имаат поголеми проблеми со вишокот килограми за разлика од луѓето кои спијат во нормалните граници од 6-7 часа.
Има поголема опасност да имате проблеми со крвоносниот систем и срцето ако сте од оние спанковци кои поминуваат подолго отколку што е потребно во кревет.
Навиките поврзани со сонот се важни за да се опоравите од депресија но премногу сон може истот така да ги влоши симптомите.
Долгото спиење може да предизвика главоболка и експертите сметаат дека е поврзано со ефектот на сонот врз некои невротрансмитери во мозокот како серотонин и сл.
