Ѕирнете во уникатното луксузно одморалиште кое е скијачки одговор за Холивуд – ваше за само 80 милиони долари!
Потенцијалните купувачи ќе бидат во можност да уживаат во друштвото на едни од најпознатите личности во светот, бидејќи Принцот Вилијам и Кејт, Бекамови, Џорџ Клуни, Роман Абрамовиќ и Армани се само некои од постојаните гости во ова одморалиште.
“The Chalet Marine” се протега на 2.000 метри квадратни, а се наоѓа покрај терените на една од најскапите зимски дестинации во светот – Курчвел на Француските Алпи, каде цената на еден метар квадратен обично чини повеќе од 3.500 долари.
Одморалиштето располага со осум спални соби, уметнички дела од Пикасо, базени и бањи, како и домашно кино.












