ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* лук
* зејтин
* сол
* ореви по желба
* пиперки суви везени, лути
* компир
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Компирот го варите и пасирате, а пиперките прво ги подварувате, па потпекувате и на крај ги толчите. Лукот со сол, зејтинче и ореви исто го толчите и промешувате со компирот. Загревате зејтин и врел го истурате врз смесата. Ова е салата, односно макало, ако ставите и вода, пред врелиот зејтин.. Како Ви одговара, така правете го, поводено како право макало или погусто, секако е прекрасно, посебно ако пиперките се многу лути.
