Sweet Home

Фенг Шуи за поголема љубовна енергија во спалната соба

Сакате ли да ја разгорите страста во спалната соба? Уредете ја собата според Фенг Шуи правилата, така ќе ја подобрите енргијата а со тоа и самиот однос со партнерот.

Исфрлете ги сите спомени од спалната кои ве потсетуваат на претходните неуспешни врски. Ништо не смее да ве потсетува на пропадната љубов.

Слабиот проток на енергија лошо влијае на вас. Затоа исфрлете ги сите непотребни работи од спалната соба. Особено оние кои ги имате складирано по ќошевите на собата.

Ставете украси кои ве асоцираат на романтика и љубов. Би било добро ако тие украси ги ставите во пар. На пример две црвени големи свеќи.

Проверете го патот од влезната врата до спалната. Доколку наидете на некои препреки се верува дека ќе имате препреки во врската со партнерот.

Креветот во собата треба да е идеално поставен, а тоа подразбира подеднаков простор на креветот од ѕидот од двете страни. Доколку креветот е поблиску од едната страна од ѕидот, тогаш се верува дека тој  што спие на таа страна ќе биде запоставен во врската.

Write A Comment