Banyan Tree Cabo Marqués Boutique Spa and Resort е одморалиштето лоцирано на 20 минути од интернационалниот аеродром во Акапулко и е кратко патување во кое би можеле да го пронајдете Вашето катче за релаксација и тоа на Мексиканските брегови.
Покрај тоа, вредни за спомнување се и песочните плажи, бескрајните базени и неодоливите планини, кои нудат драматични глетки и удобности, преку некоја од вилите претставени во палета од седум стилски уредувања, а се издигнати врз гребените над Пацифичкиот океан.
Други удобности кои би Ви биле интересни се интернет пристапот, iPod системите за звук, надворешните веранди со кревети на кои можете да уживате преку денот, бескрајни базени, Латино, Таи и Ориентални вечери, гарнирани во звукот на традиционалното, јога сесии, часови по гимнастика, спа, менувачница и што ли уште не.




















