Да одберете венчаница е задача полна со радост. За се да тече како подмачкано, еве неколку совети кои би тебало да ги следите за да направите вистински избор.
- Изберете три најмногу четири салони. Закажете термин, за да можат да ви посветат макимално внимание кога ќе отидете.
- Барајте совет од екперт! Нема потреба да ги пробате сите модели. Објаснете што од прилика сакате и замолете да ви покажат такви модели.
- Земете слободен ден, доколку е возможно. Не ви препорачуваме да дојдете на проба изморени од работа.
- Дополнителните украси за коса или накит најдобро е да се изберат заедно со венчаницата, на тој начин ќе видите дали одговараат.
- На проба не одете сама, најдобар совет ќе ви дадат вашите блиски пријателки, мајка или некој во кој имате доверба.
- Понесете го накитот и чевлите на проба. Се она што сете испланирале да ставите на себе и директно испробајте како се се согласува со различни модели на венчаници. На тој начин дополнително ќе утврдите кој медел е за вас.
- Идниот сопруг оставете го дома, доколку тоа е можно. Познато е дека најголем дел од мажите не сакаат шопинг.
- Верувајте и на својата интуиција. Кај изборот на венчаница најважна е една работа- да се чувствувате добро во неа. Вашата одлука ќе биде вистинската доколку добро се чувствувате во венчаницата.
