Мојата кујна

Соврешни компири по рецептот на Џејми Оливер

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* околу 1 кг компири (излупени)

* околу 50 г путер (или пола путер, пола маргарин)

* малку сол по вкус

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Компирите крупно исецкајте ги и ставете ги со малку сол да зовријат. Нека вријат само 2-3 минути.

Дното на садот за печење премачкајте го со малку путер, истурете ги компирите и малку измешајте(за да се намрсат од путерот). Остатокот од (путерот/маргаринот) распоредете го по компирите како коцки, посолете и ставете ги да се печат на околу 180 степени додека да се заруменат.

НАПОМЕНА: можете да користите и млади компири, но тогаш препорачувам само убаво да ги измиете и да не ги лупите. Поради тоа што се прво варени па печени, вака подготвените компири имаат посебно убав вкус.

Write A Comment