Мојата кујна

Направете домашна „Нутела“ – ЕВЕ КАКО!

Сега, сами може да си подготвите вкусен крем и тоа во вашата кујна!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 шољи препржени лешници

* 1 шоља шеќер во прав

* 1/3 шоља  какао

* 2 лажички масло

* 1 лажиче екстракт од ванила

* 1/4 лажиче сол

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Излупените лешници ставете ги во блендер или добро иситнете ги со нож, па измиксирајте ги. Додајте масло и мешајте додека не добиете фина смеса. Додајте шеќер во прав, какао, екстракт од ванила и сол па продолжете да мешете, додека не добиете компактна смеса. Добиениот намаз ставете го во тегла. „Нутелата“ е подготвена и можете така да ја чувате во фрижидер или на собна температура до месец дена. Уживајте!

Write A Comment