Sweet Home

Луксузно поткровје во Швајцарија

Хајнц Џулен, еден од најценетите швајцарси архитекти, е главниот ум што стои зад ова луксузно поткровје, лоцирано во малото село Зермат – ски центар и местото на живеење на архитектот.

Поткровјето е поранешна приватна куќа на Џулен, која му служела како екстравагантна дестинација за забави и собирања со пријателите.

Луксузниот простор располага со 300 метри квадратни и е направен во стил на поткровјата на Менхетн, а е погоден за оние кои бараат уникатни пејсажи и имаат особен интерес за убавите планини во околината.

Овој апартман е опкружен со инзвонредна природа и неверојатни пејсажи, а блискоста со природата е неоспорна. Просторот е преполн со природна светлина од подот до кровот, и изобилува со природна вегатација која го зголемува впечатокот со свежина и енергија.

Write A Comment