ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 4 јајца
* 100 мл масло
* 200 гр крем сир
* 200 мл јогурт
* 2 лажички сол
* 10 лажици пченкарно брашно
* 4 лажици бело брашно
* 1 прашок за пециво
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Пенасто сматете ги јајцата, додадете ги маслото, јогуртот, крем сирот, потоа сувите состојки кои предходно добро сте ги измешале во еден сад ставете и и убаво матете.
Печете во подмачкан сад со масло и брашно, или во калапи за мафини. Печете околу 45 минути на 180 степени. Ставете алуминумска фолија додека печете, а при крајот последните 5 минути, тргнете ја фолијата и печете на 220 степени.
