Денот на вљубените е совршена прилика да внесете малку луксуз во вашиот живот, посебно ако зимата ве иисцрпила па чувствувате потреба за сонце и море…
Многу луѓе за оваа романтична прилика се определуваат за историски градови како што е Фиренца, но кога е во прашање уживањето во далечните земји, овие три дестинации се непогрешив избор.
Тајланд – Идеално егзотично место за романтично бегство. Овде стандардите на сместувањето се високи, со оглед на ексклузивните одморалишта на местата како што е Кхаоиаи националниот парк, каде можете да ручате на врвот на брдото, опколени со магловитите планински врвови или да изнајмите изолирана куќа на мирно место покрај брегот. Заводлива во секоја смисла, Кралевината Тајланд брзо стана омилена дестинација за парови.
Ст.Луциа – Доколку сакате класичен одмор на остров, убавината и луксузот кој го нудат Карибите не ќе можете да го пронајдете ниту на едно друго место на светот. Санта Луција, измамува воздишки на сите кои престојуваат во неа. Во нејзините природни убавини се вбројуваат, меѓу останатото, и прекрасните плажи на Карипското море и Атлантскиот океан. На брегот на ова мало острово, се издигаат два врва на планината Питон, високи околу 700м, кои ја носат божанствената и раскошна џунгла со тропски растенија и големо богатство на птици.
Египет – Пловењето по реката Нил, посетата на природните топли извори и древните рушевини исто така се вбројува во убав романтичен аранжман. Оваа земја со величествено наследство и монументален споменик на почетокот на човечката цивилизација е на некој начин и прва туристичка дестинација на светот. Нејзини украси, меѓу останатото се повеќемилионскиот град Каиро, Црвеното море, луксузните хотели и песочните плажи, активниот ноќен живот. Пирамидите се едно од седумте светски чуда на античкиот свет.
