Ова е одлично време за овој рецепт. Есента е одлично годишно време за подготовка на овој топол пијалок. Подгответе го кога најмногу сакате да се одморите. Опушта и релаксира. Мирисот на цимет, јаболко, карамела е доволен за да ве натераме да го пробате
Потребни состојки:
Јаболки
Цимет
Шеќер
Количината е произволна, во зависност од тоа колку “чаши” ќе подготвите.
Најпрво од јаболките направете чаши. Издлабете ги со помош на лажица. За да ви биде полесно, погледнете го видеото.
httpv://www.youtube.com/watch?v=Kke5d7qNCgM&
Од внатрешноста на јаболката, која ја извадивте подгответе сируп. Во еден сад ставете шеќер. Кога ќе почне да се топи ставете ги јаболките. Потоа додадете вода и малку цимет. Оставете нека се варат подолго. Потоа исцедете ја течноста.
Ставете ја во чашите од јаболка.
Послужете:)
