Мојата кујна

Рецепт за слатко од смокви

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 кг смокви

* 2 кг шеќер

* 2 лажички сода бикарбона

* 1 лимон

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.Смоквите (по можност поситни и потврди) измијте ги, исечете го врвчето и ставете ги во широко тенџере. Прелијте ги со вода, ставете 2 лажички сода бикарбона и оставете водата да зоврие. После 5 минути откако вода ќе врие, тргнете ги настрана исцедете ги и измијте ги со ладна вода.

2.Во истото големо тенџере, ставете шеќер и вода колку да го покрие шеќерот. Мешајте се додека не добиете густ сируп т.е се додека шеќерот не се растопи.

3.Во сирупот, ставете ги претходно сварените смокви и на тивок оган варете ги се додека не омекнат и станат скоро проѕирни. Во меѓувреме, доколку при варењето се појави густа пења, отстранете ја.

4.Лимонот измијте го, исечкајте го на крукчиња и ставете го во готовото слатко.

5.Свареното слатко од смокви, тргнете го настрана, покријте го со крпа и оставете го да се олади. Ладно, префрлете го во стерилизирани тегли.

Write A Comment