Секоја сезона модните дизајнери наметнуваат различни бои кои ќе бидат во тренд, но мора да се согласиме дека сивата боја никогаш не излегува од мода. Секоја сезона има нов тренд, но сивата е онаа која е комбинирана со сите други нијанси.

Практичноста е основна. Кога имате некое парче сива облека лесно можде да го комбинирате со било која друга боја, без ограничување. Тоа е така затоа што сите нијаси на сива имаат моќ на ублажување на шаренилото и одлично го изедначуваат стајлингот.



