Art & Crafts

Совршен трик: Еве како да не ви се замаглува огледалото во бањата!

Доколку бањата ви е без добар систем за вентилација, тогаш е добро да го знаете овој интересен трик. Станува збор за замаглување на огледалото во бањата.

Доколку веднаш по туширањето го избришете со крпа. на него ќе оставите траги кои јасно ќе се видат откако пареата ќе исчезне.

Сепак, постои начин како вашето огледало да биде чисто и потполно отпорно на замаглување – цел еден месец!

Земете крема за бричење и размаќкајте ја по огледалото.

Откако кремата ќе се исуши, исчистете го огледалото со мокар сунѓер и хартија.

По оваа постапка, вашето огледало нема да се замаглува цел месец!

Write A Comment