Знаеме дека посветувате многу време за нега на кожата на лицето, но каква е состојбата со усните? Дали и за нив водите грижа на правиле начин? Откријте како да постигнете свршен изгле на усните.
Задолжително правете пилинг
Во зимските денови, усните може да бидат суви и испукани, затоа најважно е джправилно да ги негувате. Пробајте природен рецепт со шеќер. измешајте лажичка шеќер со лажичка мед и малку маслоново масло за да направите паста. Со прстите масирајте ги усние една до две минутки, со кружни потези, а потоа избришете ги.
Користете мелем за усни
По пилингот задолжително ставете мелем за усни. Со оглед на тоа што постојано се изложени на ладно и ветар, не е ни чудно што се сушат. Некои мелеми може да функционираат и како заштита од сонце за усните.
Вода, вода и уште вода
Водата е света течност за вашето тело, така што не треба да ве чуди што и за вашите усни прави чуда. Потрудете се да пиете што повеќе вода дневно, но и да консумирате овошје и зеленчук со висока содржина на вода, како краставица и целер.
Полни усни
Доколку не сте задоволни со обемот на вашите усни, може да користите молив за усни и да исцртате контури, а потоа со кармин во иста нијанса да ја пополните површината на усните. За поистакнати усни, ставете безбоен сјај.
Смејте се
Ништо не може повеќе да ги разубави усните од прекрасна, искрена насмевка. Насмевката ќе го подобри вашето расположение и ќе ги развесели и оние околу вас.
