Motherhood

Грижливите татковци имаат емоционално стабилни синови

Истражување на Универзитетот Фулертон во Калифорнија покажа дека татковците играат многу важна улога во психичкото здравје на нивните деца, дури и кога тие ќе пораснат. Мажите кои изјавиле дека во текот на детството и покасно имале добар однос со татковците, имаат поголема веројатност на рационално решавање на секојдневните проблеми, односно се емоционално стабилни.

Испитани се повеќе од 900 луѓе на возраст од 25 до 74 години, а експертите се фокусирале на нивната психолошка и емоционална состојба (пр. дали се депресивни, нервозни и сл.) и можни стресни ситуации низ кои поминале  расправии, несогласувања, тензија на работното место или дома.

Мажите одговарале на прашања за квалитетот на односот со мајката и таткото во детството. Односот на испитаниците бил воглавно подобар со мајката отколку со таткото.

Мажите кои имале многу добар однос со мајката имале три проценти помалку психолошки проблеми во однос на лицата чиј однос со мајката не бил добар. Меѓутоа, мажите кои повеќе се сложувале со таткото, денес се помалку склони кон емоционална реакција кога станува збор за стресни ситуации, што не може да се каже за жените.

Write A Comment