На квалитетот на ноктите многу влијае начинот на живот. Сепак, постои начин да ги зацврстите за успешно да ви пораснат.
Пијте вода
Иако знаете дека е потребно да се пие околу литар и половина вода во текот на денот за да бидете здрави и убави, корисно е да споменеме дека водата влијае и на квалитетот на ноктите.
Протеини од зеленчук
За да имате сјајни нокти, добри се протеините од зеленчукот кои ќе ги пронајдете во гравот. Една порција неелно ќе биде доволна вашите нокти да бидат мазни и убави.
Грижа
Освен што е важно да се хидрираат одвнатре, ноктите треба да се негуваат и однадвор. Изберете крема базирана на вазелин и мачкајте ги рацете еднаш во денот.
Одмор од лак за нокти
Иако лакот ги штити ноктите, одвреме навреме потребно е да ги “одморите” ноктите од лак. Уживајте неколку дена во природен изглед.
