Кара Делевињ повторно е заштитно лице за пролетната колекција на популарниот бренд Pepe Jeans. Харизматичната британска манекенка, трет пат се појавува на официјалните визуелизации на брендот и ни докажа дека е идеалната амбасадорка на овој бренд.
Симпатична и весела, Кара позираше со двајца машки модели и ни претстави неколку од највпечатливите модели и модни додатоци за пролет 2015 година. Познатиот бренд за оваа сезона ни предлага лежерни модели и фармерки, сексипилни блузи кои го откриваат стомакот и одлични модели од платнени патики кои едноставно изгледаат неодоливо.





Во црно-бела фотографија, Кара сними и видео кампања. Погледнете!
