Денес ви претставуваме неколку фантастични модни комбинации за незаборавна зима. Суштината на облекувањето во зима е во слоевитоста, па затоа во една комбинација може да носите кошули, блузи и блејзери или пак јакни.
Пронајдете ги боите кои најмногу одговараат и носете ги. Дали тоа ќе бидат темни како кафената и црната или пак пастелни бои, одлучете сами.
Здолништата искомбинирајте ги со вашите џемпери. Додадете кожна јакна на вашиот омилен фустан. Оксфордките се одлични за оваа сезона и изгледаат совршено со скоро се, доколку не се нивен обожавател, тогаш чизмите до глужд се за вас. Широките џемпери повторно ќе бидат модерни оваа сезона, па затоа подновете се со еден нов.
Погледнете ги нашите предлози и одберете комбинација за секоја пригода.










