Sweet Home

Од шупа, до врвен луксуз

Кога ја купил куќата за 7,500 евра, истата не била ништо повеќе од скромно место кое му служело како заштита додека работел како спасувач. Но, скромната инвестиција на Адам Вулер го содржела можеби и најважниот фактор – локацијата.

Имено, тој решил да ја реновира скромната куќичка и изградил идиличен дом за одмор, кој сега му носи заработка од повеќе од 100,000 евра годишно.

Прекрасната викендичка е сместена на работ на 90-метарската карпа, а заради својата положба и огромните прозори, овозможува неверојатен поглед кон заливот Вајтсенд во Корнвол.

Господинот Вулер (47) ја купил куќарката пред повеќе од 25 години, додека студирал при универзитетот Плимот. Во тој период тој немал средства за да го среди имотот, но откако се оженил, заедно со сопругата решиле да инвестираат 100,000 евра за да создадат луксузна викендичка.

Сега, парот ја изнајмува викендичката преку целата година, по цена од 1,600 до 3,000 евра неделно, а со оглед на тоа што 80% од времето истата е изнајмена, приходот на фамилијата изнесува околу 100,000 евра.

Наменета за паровите кои што бараат романтично место за да избегаат од секојдневието, викендичката, наречена “The Edge”, веќе е резервирана за поголемиот дел од пролетта и летото.

Write A Comment