Ви нудиме интересен предлог за тоа како може да изгледаат вашите нокти. Бидете уникатна и истакнете ја својата креативност. Потребни ви се лак за нокти во две бои, ножички, хартија и малку трпение .
Исечете ја хартијата на мали коцки кои ќе ги преклопите на половина. Исечете ги во облик како што ќе ви дојде во моментот. Најпрво излакирајте ги ноктите во една боја, а кога ќе бидете уверени дека се комплетно суви ставете ја хартијата на ноктот и премачкајте го со другата боја. Тргнете ја хартијата и вашите нокти ќе имаат уникатен дизајн.





