Состојките кои ќе ви бидат потребни да го подготвите овој народен рецепт се:
* 1 рака грав (тетовец)
* 1 ќеса за замрзнување од 2-3литри
* 1 памучна крпа
* 1 ленена крпа
* 1 волнена крпа
Подготовка:
Значи… Секоја вечер (пред спиење) земете една рака грав. Измијте го и ставате го да се вари. Од моментот кога ќе зоврие, варете го уште 15 минути. Потоа исцедете го и ставете го во кесата за змрзнување.
Употреба:
Гравот треба да биде доволно топол за да може вашето колено да ја издржи топлината, но не ладен и никако врел за да не се изгорите. Ставете ја кесата со грав на коленото, па врз неа памучната, ленената и на крајот волнената крпа. Преноќете така, а следниот ден содржината од кесата исфрлете ја. Постапката повторувајте ја секоја вечер, односно 40 ноќи. А во резултатот ќе се уверите смо доколку сте упорни и со задоволство ќе го споделите вашето искуство со другите.
